Connect with us

Фудбал

Несторовски: “Не одиме на прошетка, туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат“

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот со Италија од квалификациите за СП 2018 година. Нашите офанзивни фудбалери, Ферхан Хасани и Илија Несторовски велат дека Македонија и во Торино ќе се обиде да игра напаѓачки фудбал и да уживаат во натпреварот.

Имаме квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не им се однапред запишани бодовите од наптреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка, туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат, изјави Несторовски.