Connect with us

Фудбал

Несторовски постигна два гола па доби црвен картон

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги постигна двата гола за својот тим Палермо во пресврт победата над Про Верчели синоќа во последниот дуел од 6.коло на италијанската Серија Б. Палермо победи со 2:1, а капитенот погоди во 25. и 51. минута. Претходно гостите први поведоа во 20. минута.

Несторовски кој беше најдобар фудбалер на теренот на пет минути пред крајот доби втор жолт картон, што автоматски значеше и црвен и исклучување.

Неговиот тим успеа да ја задржи предноста до крајот, но за следниот дуел, на гости против Асколи, во составот ќе го нема Несторовски.

За Палермо настапи и вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски кој беше заменет во 64. минута.

Палермо е единствениот тим без пораз оваа сезона.

По шест рунди лидер на табелата е Перуџа со 13 бодови, пред Фросиноне со 13 и Палермо со 12.