Поврзи се со нас

Фудбал

Несторовски пред историскиот меч со Грузија: Срцето и желбата ќе бидат пресудни

Еден од нашите напаѓачи во А репрезентацијата на Македонија, Илија Несторовски од италијански Удинезе, во пресрет на почетокот на подготовките за натпреварот Грузија – Македонија вели дека дојде време репрезентацијата да се подготви за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал.

– Конечно дојде собирот и подготовките за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме целта. Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и желбата за победа ќе решаваат.

– Знаеме кои се добри, а кои лоши страни на грузијците, но овие денови ќе ги анализираме и се надевам на многу позитивни работи. Имаме многу големи натпревари зад нас, не чувствуваме притисок. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надевам дека ќе се пласираме на Европското првенство, изјави Илија Несторовски.

 

loading...

Facebook