Connect with us

Фудбал

Неуспехот со Чиле стави крај на интернационалната кариера на Артуро Видал

Артуро Видал објави дека става крај на својата кариера во националниот тим, откако Чиле не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство во Русија.

30-годишниот играч на Баерн Минхен својата одлука која е доста емоционална ја објави на Твитер.

Многу благодарам на сите за се. Во овие години го давав живот во секој натпревар. Научив многу, научив дека една земја која не е толку силна, со труд може да постигне успех. Душата ми е уништена, но во исто време сум горд на овие играчи и стручниот штаб, напиша Видал.

Тој за Чиле одиграл 95 натпревари и постигна 23 гола.