Connect with us

Фудбал

Неверојатна изјава на Сари: Во Италија ќе добиевме два пенали, но во ЛШ е друго, ќе мора да се адаптираме

Јувентус загуби од Лион со 1:0 на првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите. Тренерот на Јувентус Маурицио Сари беше видно незадоволен од резултатот, порачувајќи дека не знае зошто неговите играчи не го разбираат.

Но, Сари беше незадоволен и од судењето. Како што вели тој, доколку овој меч се играше во рамките на Серие А, Јувентус би имал два пенали во негова корист, еден врз Роналдо, а другиот врз Дибала.

-Да беше во Серие А, ќе добиевме два пенали, еден врз Роналдо, а друг врз Дибала. Но, сепак тука важат поинакви правила и ќе треба да се адаптираме, изјави Сари.

Во недела Јувентус го очекува уште еден важен меч, на домашен терен го пречекува Интер во „Дербито на Италија“, а натпреварот речиси сигурно поради коронавирусот ќе се одигра без публика.