Connect with us

Фудбал

Неверојатно, еве како Борусија Дортмунд го убедила Халанд да потпише за нив

Импресивните навивачи на Борусија Дортмунд од познатата трибина зад едниот гол на „Сигнал Идуна Парк“ – „Жолтата карпа“ биле клучни во изборот на Ерлинг Холанд да потпише со клубот. Директорот на тимот, Мајкл Цорк откри како младиот Норвежанец бил убеден да го избере германскиот клуб, откако истовремено имал и други предлози.

– Му покажавме видео од секторот со овие наши обожаватели на Јужната трибина и изгледа тоа му се допадна. Моравме да понудиме нешто исклучително, затоа што не е тајна дека другите популарни клубови дадоа се од себе за да го искористат тоа. Бев како мало дете кога разговарав со менаџерот на Ерлинг, Мино Рајола на Бадник за да го потврдам договорот, призна Цорк за „Билд“.

Борусија плати на Ред Бул (Салцбург) 20 милиони евра за 19-годишниот Скандинавец. Младиот фудбалер ја започна својата кариера со 8 гола на 4 настапи за „жолто-црните“.