Фудбал
Неверојатно, но вистинито: Шпанската тинејџерска sвезда се уште нема цена
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике ги изненади сите кога на листата за завршниот турнир од Лигата на нации го вклучи 17-годишниот фудбалер на Барселона, Гави.
На натпреварот против Италија, Гави најде место во стартниот состав и одигра одличен натпревар и во исто време стана најмладиот шпански репрезентативец во историјата.
Интересно, Гави се уште нема цена на трансфер пазарот.
Тој беше префрлен од Б тимот на Барселона во првиот тим, а неговата цена се уште не е одредена, што секако е интересно.
Постојат некои предвидувања дека Гави ќе има минимална цена од околу 40-50 милиони евра на 17-годишна возраст, но дека тоа исто така може да се зголеми по завршниот натпревар од Лигата на нации меѓу Шпанија и Франција.
Во секој случај, Барселона и Шпанија очигледно добија нова sвезда на светскиот фудбал.