Connect with us

Фудбал

Неверојатно: ПСЖ подготвува плата од 50 милиони евра за Мбапе

Според голем број на светски медиуми, челните луѓе презентирале на таткото на Мбапе, документ од новиот договор во кој стои дека напаѓачот ќе има годишна плата од неверојатни 50 милиони евра годишно. Во оваа плата секако се вклучени и бонусите.

Колку за споредба Меси има нешто повеќе од 40 милиони годишно, Нејмар 35, Роналдо 30, а ПСЖ е подготвен да му даде на 20-годишниот напаѓач 50 милиони.

Од друга страна, шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид не се откажува од намерата да го ангажира Мбапе. Тој има договор со ПСЖ до 2022 година, но „Кралевите“ веќе следното лето ќе се обидат да го купат, но подготвени се да му дадат плата околу 30 милиони евра на годишно ниво со бонуси.