Connect with us

Фудбал

Неверојатно, Рома ќе го продаде капитенот на лутиот ривал

Се откажаа од легендата Франческо Тоти, не му ја укажаа честа како што треба по пензионирањето, ниту пак го вклучија во раководните структури. Сега, Рома прави уште еден чуден потег.

Според италијанските медиуми тимот од Рим ќе го продаде капитенот Александро Флоренци и тоа на лутиот ривал за висок пласман Интер.

Антонио Конте го сака во своите редови, потребен му е квалитетен играч на крилната позиција, а идеално решение гледа во Флоренци. Сезонава тој не е во преден план, па се чини дека разделбата е неминовна.

Тој има важечки договор со Рома до 2023 година, а формулата е добро позната, италијанска, позајмица со право на откуп.

Флоренци во Рома пристигна во 2002 година и тоа во нивната академија, а од 2011 година го носи дресот на првиот тим.