Фудбал
Неверојатно: Во Англија судија исклучи фудбалер, а тој им ги угасна рефлекторите на стадионот
Фудбалер во Англија предизвика необичен инцидент за време на натпревар од аматерските лиги во Англија.
Како што објави „Метро“ инцидентот се случил за време на натпреварот помеѓу Кидлингтон и Челтенхам Саразенс. Во 73. минута играчот на Кидлингтон, Јулиус Мурага доби црвен картон и го напуштил теренот. Набргу потоа снема светлина на стадионот. Подоцна се покажа дека Мурага ги исклучил рефлекторите.
Тој објасни дека не сакал да го стори тоа и дека мислел дека тоа е прекинувач за тушот, каде што отишол по исклучувањето.
Фудбалерот увери дека не се обидел да го наруши текот на натпреварот.
Пет минути подоцна, играта продолжи, а Челтенем победи со резултат од 3:1.