Connect with us

Фудбал

Невиден скандал: Балотели доби „воспитна“ од сопствениот тренер (ВИДЕО)

Марио Балотели направи нов скандал. Долго време молчеше, но сега повторно реши да направи скандал.

Тренер да нападне сопствен играч се случило неколку пати во фудбалската историја, но тоа да го направи по триумф на неговиот тим веројатно е невидено.

И покрај тоа што Адана Демирспор успеа да го победи Умраниеспор со 1:0, Балотели се погрижи повеќе да се зборува за него отколку за победа на тимот.

Откако судијата го повика, Винченцо Монтела жестоко тргна по Балотели и беше подготвен физички да се пресмета со италијанскиот напаѓач.

Балотели е познат по тоа што сака да провоцира, а овој пат тоа го чинеше скапо бидејќи сигурно ќе биде суспендиран на следните натпревари.

Контроверзниот напаѓач очигледно го навлече гневот на својот тренер кој не се воздржа и тргна по Супер Марио во вербална расправија.