Connect with us

Ракомет

Ние знаеме како е да се победи Барселона

Ракометарите на Вардар вo недела  од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат еден од најдобрите тимови во Европа, тимот на Барселона. Ова воедно е дуел за превземање на првото место во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Црвено – црните“ како значаен адут ќе ја имаат скопската публика, која сигурно ќе создаде пеколна атмосфера што ќе им даде дополнителен мотив на „вардарци“ да стигнат до нов триумф.

Барселона е тимот со кој до последно ќе се бориме за првото место во групата и затоа овој натпревар е многу важен. Каталонците знаат што ги очекува во Скопје, никому не му е сеедно кога игра пред нашите верни фанови. Од друга страна, ние знаеме како се победува во Барселона, голем дел од екипата што во минатото славеше над овој голем ривал се уште го носи дресот на Вардар. Сезонава наспроти сите очекувања ни оди добро, бидејќи и новите засилувања кои дојдоа видоа дека има победнички менталитет. Ќе решава борбеноста, дали ќе дадеме се од себе, истакна капитенот Стојанче Стоилов.