Фудбал
Нигериецот од Шкупи се сели во Косово?
Наводно, според информациите на „инфОСпорт. мк“ нов член на косовскиот тим треба да биде напаѓачот Сандеј Адетунџи.„Проблематичниот“ напаѓач на Шкупи, Сандеј Адетунџи, би можел да биде ново засилување за косовскиот првак Балкани, пишуваат тамошните медиуми. Тој се смета за идеална замена за Албион Рахмани, кој кариерата ја продолжи во Романија, во тимот на Рапид Букурешт.
Ова ќе биде вторпат како купуваат од Шкупи ова лето, претходно го ангажираа Алжирецот, Валид Хамиди.
Во Балкани добро ги познаваат квалитетите на Адетунџи, тој го постигна единствениот гол за Шкупи против нив минатата сезона во плејоф фазата од Конференциската лига каде косовскиот тим ги доби двата меча.