Други спортови
Ник Киријос: „ Ја зголемувам понудата на 50 долари по ас. Ајде да му помогнеме на Порторико“
Покрај сите контраверзни случувања со Австралискиот тенисер Ник Кирјос, тој ја покажа и неговата хумана страна. Тој за секој ас на АТП турнирот ов Пекинг, ќе донира по 50 долари во хуманитарни цели.
Овие пари ќе бидат наменети за помош на жртвите на ураганот „Марија” што неодамна го погоди Порторико. Австралиецот прво рече дека за секој ас ќе плати по 10 долари, но сега реши да ја зголеми сумата.
„Знаете што, ја зголемувам понудата на 50 долари по ас. Ајде да му помогнеме на Порторико” – напиша Ник Кирјос на својоит профил на Твитер.
Кирјос (22) важи за еден од најталентираните тенисер од новата генерација, но со своето однесување и за еден од најпроблематичните. Тој обезбеди пласман ви четвртфиналето на турнирот во Пекинг со победата против Миша Зверев во три сета, а во текот на мечот постигна 11 аса.