Connect with us

Фудбал

Никогаш не е лесно да се игра со Италијанците: Младиот Гави ги покажа лузните по натпреварот (ФОТО)

Талентираниот шпански играч за врска Гави (17) вчера дебитираше против Италија за сениорската селекција на Црвената фурија.

Гави стана најмладиот играч што играл за шпанската репрезентација и одигра навистина феноменален натпревар.

На крајот, тој беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, а по играта во соблекувалната, покажа дека фудбалот воопшто не е лесен спорт.

Трагите од ударите што ги доби за време на играта се видливи на неговите гради, и изгледаат прилично лошо.

Сепак, Гави дефинитивно ќе го памети натпреварот против Италија до крајот на животот, и овие гребнатини веројатно веќе не му значат.

„Ќе го врамам овој дрес. Секогаш ќе дадам се од себе за репрезентацијата“, изјави младиот фудбалер.

Талентираниот фудбалер ги воодушеви апсолутно сите љубители на фудбалот. Се смета дека во иднина ќе биде еден од најдобрите во светот и е на добар пат да го оствари тоа.

„Не е нормално да се биде таков талент на негова возраст. Изгледа како да игра фудбал во училишниот двор“, изјави по натпреварот селекторот на Шпанија, Луис Енрике.