Connect with us

Фудбал

Никој како Лионел Меси, неверојатен учинок кој трае повеќе од една деценија

Лионел Меси долги години наназад е најдобриот напаѓач во светот. Постојано траат споредбите со Кристијано Роналдо и со право бидејќи овие двајца се најдобри на денешницата. Сепак, некои за Лионел Меси велат дека е најдобриот на сите времиња, пред Марадона, Пеле, Бразилецот Роналдо и многу други имиња кои оставиле длабока трага во фудбалот.

Колку Меси е константно добар и неверојатен покажува и статистиката. 12 сезони по ред Аргентинецот постигнува над 20 голови во шпанската Ла Лига. Прв пат тоа му успело во сезоната 2008/2009 кога постигнал 23 голови, а од тогаш па наваму ниту еднаш не забележал помалку погодоци. Оваа граница ја стигна и синоќа на гостувањето кај Мајорка. Барселона славеше со 4:0, а Меси го постигна четвртиот гол за неговиот тим и тоа во третата минута во судиското продолжение. Вреди да се напомене дека иако клубовите имаат право само оваа сезона да направат дури пет измени, сепак македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не одигра ниту минута против Барселона.

Голови на Меси во Ла Лига

Сезона 04/05 – 1

Сезона 05/06 – 6

Сезона 06/07 – 14

Сезона 07/08 – 10

Сезона 08/09 – 23

Сезона 09/10 – 34

Сезона 10/11 – 31

Сезона 11/12 – 50

Сезона 12/13 – 46

Сезона 13/14 – 28

Сезона 14/15 – 43

Сезона 15/16 – 26

Сезона 16/17 – 37

Сезона 17/18 – 34

Сезона 18/19 – 36

Сезона 19/20 – 20

*12 сезони со над 20 постигнати голови…