Connect with us

Фудбал

Никој не стави сол на раната на ПСЖ по натпреварот како Мануел Нојер

Мануел Нојер ги доведе играчите на ПСЖ во очај во текот на натпреварот, а по победата додаде сол на раната.

Нојер е повторно стариот. Германскиот голман беше непобедлив во финалето на Лигата на шампионите, имаше неколку врвни одбрани и можеби е најзаслужен за шестата европска титула на Баерн.

Победата на Баерн беше сигнал дека може да започнат со славење и на улиците на Марсеј, бидејќи клубот сè уште е единствениот француски освојувач на Лигата на шампионите.

Објавата на Нојер по натпреварот особено ги воодушеви поддржувачите на Марсеј.

loading...

Имено, на фотографијата што ја објави на Инстаграм, Нојер го одбра „Веледром“, домот на Марсеј и најголемиот ривал на ПСЖ, како локација.

View this post on Instagram

🏆🏵🏆 Triple @fcbayern

A post shared by Manuel Neuer (@manuelneuer) on

Поддржувачите на Марсеј тогаш го окупираа профилот на Нојер и му испратија голем број на честитки, но и благодарност за потегот што го направи.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com