Connect with us

Фудбал

Ништо не е бесплатно, агентот Мендеш ја „ограби“ Барселона

Франциско Тринкао е нов играч на Барселона. Младиот крилен напаѓач кого го нарекуваат „новиот“ Роналдо е договорен, но оставен до крајот на сезоната да игра во Брага, а во јули месец ќе се приклучи на новиот тим. Цената на трансферот е 30 милиони евра.

Неговиот агент е Жорж Мендеш, еден од најдобрите, ако и не најдобар фудбалски агенд во моментов. Но, не само што е најдобар, туку е и најбогат.

Како што соопштија светските медиуми, трансферот на Тринкао ќе ја чинел помалку Барселона да не бил Мендеш. Имено, од тие 30 милиони евра, дури седум одат на сметка на агентото.

Нема сомнение дека Португалецот врши неверојатни трансфери, но сека е јасно зошто, за „солена“ сума.