Connect with us

Фудбал

Ништо од „Камп Ноу“, дефанзивецот доаѓа кај Анчелоти

Наполи е во криза кога се во прашање бековите. Повредата на Кевин Малкјуи уште повеќе ги влоши работите. Поради тоа, Наполи тргна во потрага по квалитетно решение. Изборот паднал на Алехандро Грималди од Бенфика.

Шпанецот минатото лето беше на мета на Арсенал и Тотенхем, но и Барселона од каде што ја почна кариерата.

Во моментов настапува за Бенфика, има 24 години и неговата моментална вредност е проценеа на 40 милиони евра, колку што изнесува и откупната клаузула. Договорот му истекува во јуни 2021.