Connect with us

Фудбал

Ништо од Монако: Маркизио мора да бирам помеѓу Зенит и Спортинг

Италијанскиот фудбалер Клаудио Маркизио се уште е без клуб.

Тој пред неколку дена се збогуваше од Јувентус, клуб во кој ја помина својата досегашна кариера, па сега е во потрага за нов клуб.

Италијанските медиуми во претходните денови пренесуваа дека тој е многу блиску до Монако, но „Corriere di Torino“ пренесува дека од тоа нема да биде ништо, туку дека Маркизио бира помеѓу Спортинг Лисабон и Зенит.

Наводно Маркизио ќе биде многу блиску до Спортинг доколку доколку неговиот сонародник Клаудио Раниери биде новиот тренер на тимот. Покрај тоа и Зенит е добра опција, а наводно заинтересирани се уште и Реал Бетис и Севиља.

Покрај тоа, се споменува и заминувањето во американската МЛС лига затоа што се заинтересирани Монтреал Импакт и Њу Јорк Сити, но засега Спортинг и Зенит се двете најизгледни опции и Маркизио најверојатно ќе бира помеѓу обие два клуба.