Connect with us

Фудбал

Ништо од Реал Мадрид, ПСЖ со 250 милиони евра го убедува Мбапе

Во изминатиот период Килијан Мбапе се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Но, според најновите информации, веројатно од ова нема да има ништо бидејќи ПСЖ подготвува нов договор кој тешко дека ќе го одбие.

Во моментов Мбапе има договор до 2022.година, со годишна плата од 20,7 милиони. Но, ПСЖ планира со 250 милиони евра да го убеди напаѓачот да остане во клубот, односно по 50 милиони евра секоја година за нов петгодишен договор.