Connect with us

Ракомет

Ништо од СП: Убедлив пораз на ракометарките на гостувањето кај Словенија

Женската македонска ракометна репрезентација претрпе нов пораз од Словенија во баражот за СП со големи 11 гола разлика и со тоа е ставен крај на сонот за пласман на ракометниот Мундијал во Јапонија.

По поразот во првиот натпревар во Скопје, македонската репрезентација вечерва во Целје загуби со 38:27 во реваншот од бараж двомечот.

Поразот беше најавен од стартот, бидејќи Словенија експресно дојде до три гола предноста, а по десетина минути игра веќе имаше и шест гола предност која ја одржуваше во поголемиот дел од натпреварот, а со истата негатива за нашите ракометарки се замина и на полувреме (20:14).

Антиќ одлично го започна второто полувреме, имаше неколку интервенции во низа, но тоа не беше искористено во нападот. Наместо тоа, по само осум минути игра во второто полувреме Словенија дојде до висока предност од 26:16.

До крајот се одигра рутинирано, Македонија се обидуваше да ја намали разликата, но тоа отвораше простор за домаќинките кои постигнуваа лесни голови и на крајот славеа со 38:27.

Мавсар со седум гола беше најефикасна кај Словенија, додека во нашиот состав се истана Ливриниќ со шест, како и Саздовска и Ристовска со по пет погодоци.

Извор: sportclub.mk