Connect with us

Фудбал

Ништо од враќањето на навивачите: Англичаните и следните шест месеци без публика

Иако беше планирано навивачите во Премиер лигата да се вратат на трибините од 1 октомври, од тоа нема ништо.

Наводно, сè ќе биде во мирување шест месеци, сето тоа од страв од вториот бран на пандемијата на коронавирусот.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, зборуваше за сè тоа.

„За жал, по долго размислување, решивме да не им дозволиме на навивачите да се вратат на трибините од 1 октомври. Сметаме дека мора да го сториме тоа, затоа што се плашиме од вториот бран на пандемијата на коронавирусот. Чекаме вакцини, третмани и веројатно сè ќе трае шест месеци“. – рече Џонсон.

Така, поголемиот дел од сезоната во Премиер лигата може да помине без навивачи, што е многу лоша вест за сите клубови и нивните симпатизери.