Connect with us

Фудбал

Ниту германската легенда не и помогна на Херта, Лајпциг на врвот во Бундеслигата

Хета на домашен терен ја пречека Борусија Дортмунд, со нов тренер, легендата на германскиот и светскиот фудбал Јурген Клинсман. Сепак, ниту тој не можеше да помгне па тимот го доживеа петиот пораз по ред. Славеше Борусија со 2:1. Санчо и Азар во 15 и 17 минута погодија за 2:0, а почесниот погодок за домаќините го постигна Дарида во 34 минута.

Борусија мечот го заврши со играч помалку откако Хумелс заработи втор жолт картон во 45 минута.

Четвртата победа во низа ја забележа Лајпциг со која се искачи на врвот на Бундеслигата. Славеа на гостувањето кај Падерборн со 3:2. Гостите со головите го решија мечот по првите 45 минути кога водеа со 3:0, а во вториот дел се опуштија па домаќинот стигна само да го ублажи поразот.

Резултати Бундеслига, сабота:

Келн – Аугсбург 1:1

Херта – Борусија Дортмунд 1:2

Хофенхајм – Диселдорф 1:1

Падерборн – Лајпциг 2:3

18:30ч. Баерн Минхен – Баер Леверкузен

Standings provided by Sofascore LiveScore