Фудбал
Ниту Јунајтед, ниту Арсенал – Челзи го носи Феликс!
Во претходните недели португалскиот напаѓач Жоао Феликс беше преселен во Манчестер Јунајтед и Арсенал, но според последните информации од Шпанија, фудбалерот на Атлетико Мадрид е многу блиску до преселба во Челзи.
Како што пренесува угледната Марка, „сините“ се во напредни преговори со Атлетико Мадрид, а може да се очекува 23-годишниот Феликс остатокот од сезоната да го помине во Челзи како позајмен играч од „јорганџиите“.
Наводно, Челзи му нуди 11.000.000 евра на Атлетико за позајмица на Феликс, клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја преземе платата на Португалецот, а останува да се види дали двата клуба ќе се договорат за опцијата за купување на крајот од сезона, што е желба на менаџерот на „Сините“, Греам Потер.
Феликс е во Ателтик од 2019 година, кога дојде од Бенфика за неверојатни 127.000.000 евра, со „јорганџиите“ има договор до летото 2026 година, но не се снајде најдобро кај тренерот Диего Симеоне.
Оваа сезона португалскиот напаѓач одигра 21 натпревар за Атлетико, постигна пет гола и имаше три асистенции.