Фудбал
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата, погледнете каков страшен старт беше исклучен (ВИДЕО)

Легендарниот германски голман Мануел Нојер синоќа го доби првиот црвен картон во кариерата, а првпат на натпревар беше исклучен на 38-годишна возраст.
Manuel Neuer was given red card for this. pic.twitter.com/na4PqBvLNZ
— SAMHUB🗺️🌍 (@TheHairPkay) December 3, 2024
Баерн се сретна со Баер Леверкузен во големото дерби во осминафиналето од Купот на Германија во Минхен, а Нојер беше исклучен во 17. минута.
Истрча на 25 метри од голот по долгата топка на „Фармацефтите“ и со жесток старт го собори противничкиот играч. Нојер се заби во играчот што го собори на теренот, а судијата немаше друг избор освен да му го покаже патот до соблекувалната. Инаку, Леверкузен победи со 1:0 со голот на Нејтан Тела и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Германија.