Connect with us

Фудбал

„Нокаут“ за Челзи, бод за Артета, Анчелоти стартуваше со победа

Саутемптон како гостин го совлада Челси со 2:0, приредувајќи го најголемото изненадување на попладневните натпревари од фудбалската Премиерлига.

За тимот од југот на Англија, ова е втора победа по ред.

Карло Анчелоти со победа дебитираше на клупата на Евертон. Италијанскиот стручњак само еднаш во осум натпревари во кариерата има загубено кога дебитирал на клупата на еден тим.

Ниту Микел Артета не успеа да го разигра Арсенал, па „Топџиите“ одиграа 1:1 на гостувањето кај Борнмут.

РЕЗУЛТАТИ: Тотенхем – Брајтон 2:1, Астон Вила – Норвич 1:0, Борнмут – Арсенал 1:1, Челси – Саутемптон 0:2, Кристал Палас – Вест Хем 2:1, Евертон – Барнли 1:0, Шефилд јунајтед – Вотфорд 1:1. Подоцна се играат натпреварите Манчестер јунајтед – Њукасл и Лестер – Ливерпул.