Connect with us

Фудбал

Ноќна мора Арсенал против шампионот, нова повреда и три гола во мрежа

Фудбалерите на Манчестер Сити гостуваа кај „Емиратите“ во 17. коло од Премиер лигата, а по првите 45 минути екипата на Пеп Гвардиола водеше со 3:0.

Натпреварот започна со одличен продор на Габријел Мартинелиј, но Едерсон го стопираше својот земјак.

Следуваше корнер за Арсенал, па контра на Сити од која стигнаа и до предност преку бомбата на Брујне за 1:0.

Само 13 минути подоцна на семафорот резултатот беше 0:2, овој пат Белгиецот беше асистент, а Стерлинг го дуплираше водството.

Одличен беше и Арсенал во напад, но играа слабо во одбраната. Во 40. минута од казнениот простор Де Брујне со ефективен удар донесе уште повисока предност од 3:0.

Потоа од домаќините поради повреда теренот го напушти Сеад Колашина, а го замени младиот Букајо Сака.

Со овој резултат натпреварот отиде на полувреме.

Да потсетиме дека Арсенал во изминатото коло на три месеци остана без Кирана Тирнија, а сега се повреди и Колашинец.