Connect with us

Тајмаут

„Ноу Камп Грифолс“ новото име на стадионот на Барселона?

Раководството на фудбалскиот клуб Барселона се наоѓа во напредна фаза во преговорите со фармацевтската компанија „Грифолс“ околу спонзорство поврзано со името на стадионот.

Со цел зголемување на приходите во Барселона се пријде кон продажба на името, а според последните информации објавени во шпанските медиуми, новиот спонзор на каталонски клуб кој ќе има право на името на стадионот може да донесе приходи повеќе од меѓу 300 и 400 милиони евра.

Се шпекулира дека новото име на стадионот на Барселона во наредните 30 години ќе биде „Ноу Камп Грифолс“.

Предвидено е „Ноу Камп“ од следната година да почне да се реновира, а ќе биде зголемен и неговиот капацитет од 100 на 105 илјади места.