Кошарка
Нов формат на Ол Стар мечот почнувајќи во 2018 во Лос Анџелес
Управата на НБА и Националната федерација на играчите најавија промени и потполно нов формат на Ол – Стар натпреварите, кој ќе стартува во февруари 2018 година во Лос Анџелес.
Мечот на “сите ѕвезди” веќе нема да биде традиционално пресметка меѓу Истокот и Западот, туку по новиот формат капитените ќе си ги бираат кошаркарите со кои ќе играат.
Капитенската лента ќе ја добијат кошаркарите кои ќе освојат најмногу гласови од двете конференции и тие ќе имаат можност да си ги изберат стартерите без разлика на конференциската припадност, но притоа не смеат да одберат соиграчи во својот тим.
Воодушевен сум од тоа што лигата и играчите направија да биде поквалитетен Ол – стар натпреварот, што воедно е приоритет за сите нас, изјави плејмејкерот на Хјустон и претседател на Федерацијата на играчи, Крис Пол.
Процесот на избор на 24 кошаркари останува ист, односно по 12 играчи од двете конференции. Тој ќе биде избран со комбинација на гласовите од навивачите (50%) и новинарите (50%). Екипите ќе ги предводат тренери чии тимови ќе имаат најдобар учинок, а ќе бидат одбрани од 14-те резерви.