Фудбал
Нов пех за Њукасл: Калум Вилсон надвор од терените најмалку шест недели
Њукасл би можел да остане без Калум Вилсон најмалку шест недели поради повреда на коленото, открија клупски извори. 31-годишниот фудбалер беше изоставен од тимот на Англија за претстојните квалификациски натпревари против Малта и Северна Македонија, откако го пропушти и поразот од 2-0 од Борнмаут во саботата.
Вилсон игра во добра форма и ја пополни празнината што ја остави Александар Исак, кој се мачи со повреда на препоните.
Телеграф објави дека Вилсон би можел да биде надвор од терените до шест недели, што ќе го исклучи од преостанатите два натпревари на Њукасл во Лигата на шампионите и голем број други клучни натпревари во Премиер лигата.
Исак би можел да се врати на теренот за Њукасл штом ќе заврши репрезентативната пауза.