Connect with us

Фудбал

Нов почеток за Ројс во Италија

Одличниот играч за врска од редовите на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, е најновата желба на амбициозните сопственици на италијанскиот гигант Интер.

Иако станува збор за фудбалер кој се почесто се повредува, челниците на популарните “нероазури” се подготвени да одвојат околу 50 мил. евра за обештетувањето на повремениот репрезентативец на Германија.

Интерес за услугите на поранешниот фудбалер на Борусија од Менхенгладбах, покажаа и раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.