Connect with us

Фудбал

Нов пораз на Реал Мадрид, Жирона ја потврди кризата на Лос Бланкос

Реал Мадрид денес доживеа нов пораз со кој се потврди дека се во многу лоша форма оваа сезона.

Овоj пат од нив беше подобра екипата на Жирона, која дома славеше со 2: 1. Кралевите и пред ова коло беа на минус пет бода во однос на Барселона, а по новиот пораз заостануваат дури осум поени.

Денешниот натпревар беше добро отворен и во 12 минута постигна гол Иско. Подоцна, Роналдо имаше добра шанса, но не погоди. Потоа, Жирона имаа шанси преку Порту и Адаја, но не успеаа да изедначат.

Во продолжението на средбата беше виден целосен пресврт од домашните играчи. Прво Стуани погоди за 1: 1 во 54. минута, за само четири минути подоцна, Порту беше прецизен за целосен пресврт. До крајот на мечот Реал имаше теренска иницијатива, но не успеа да направи ниту една шанса и остана 2: 1 за домашните.