Connect with us

Фудбал

Нов шок за фановите на Манчестер Јунајтед, пропадна трансферот на Фернандеш?!

Преговорите меѓу Спортинг и Манчестер Јунајтед за Бруно Фернандеш пропаднаа и нема да има трансфер, ексклузивно објави „Сан“. Долго време, двата клуба преговараа, но не успеаја да се разберат.

Информациите во медиумите се различни, при што „Сан“ тврди дека Португалците барале 68 милиони фунти, додека од „Олд Трафорд“ понудиле максимум 42,5 милиони плус дополнителни 8,5 милиони во клаузули.

Дваесет и пет-годишниот играч од средниот ред се очекуваше да пристигне во Јунајтед уште минатото лето, но двата клуба не успеаја да потпишат договор.