Connect with us

Ракомет

Нов триумф за Вардар за продолжување на победничката серија во ЛШ

На Вардар му требаа 15 минути да ја наметне сопствената игра и да ги постави работите на теренот како што сите очекуваа. Водството на „црвено-црните” дојде дури во 14 минута кога Кањељас погоди за 5-4. До тој момент гостите ја имаа иницијативатра и знаеја да ги казнат нашите нереализирани акции и грешки.

Уште во 4 минута кога ППД загреб поведе со 0-3 тренерот на Вардар, Раул Гонзалез мораше да бара минута одмор за да подели совети со кои ќе бевме поконцентрирани особено во нападот. Гостите покажаа дека кога играат без притисок може да бидат и незгоден ривал. Тоа го покажаа уште од првиот момент на средбата.

Одличната одбрана на Вардар на почетокот на второто полувреме беше клучот со кој домашните ракометари со сигурност ја најавија победата. Гостите цели 11 минути останаа без погодок, а Вардар трипати за пет минути реализираше за највисоката предност дотогаш, 16-10. Потоа следуваше период на игра на нерви, промашувања и добра одбрана и шест минути ниту еден тим не постигна гол. Загребчано погодина, но исто така и Вардар за ново водство 17-12.

Во 50 минута зголемија и на „плус седум” за водство 21-14, и седумте голови уште неколкупати до крајот на средбата.

 

Во следното коло Вардар гостува во Унгарија кај ПИК Сегед во лигата на шампионите.