Connect with us

Кошарка

Нов убедлив пораз за Охрид во Втора АБА лига

Македонскиот кошаркарски прволигаш Охрид АВ го забележа и четвртиот пораз во рамките на Втората АБА лига.

Охрид попладнево загуби на гостувањето кај Зрински со 93:62 (32:24; 24:16; 23:10 и 14:12). Екипата на Охрид уште еднаш одигра слабо во одбраната. Екипата на Зрињски по ова коло има скор од две победи и два пораза.

Најефикасен на натпреварот беше играчот на Охрид, Реми Бери со 22 поена.

Во следното коло екипата на Охрид е домаќин на тимот на Рогашка.