Connect with us

Фудбал

Нова „бомба“ на Марота, вреди над 100 милиони, а тој го договори за 10 пати помала сума

Според информациите на италијанските медиуми Интер во продолжението од сезоната же влезе прилично засилен. Новинарот Фабрицио Романо, кој се смета за добро информиран, вели дека Кристијан Ериксен ја прифатил понудата на Интер да се пресели во Милано уште во јануари.

Фудбалерот ги прифатил условите, а сега траат преговорите помеѓу Интер и Тотенхем. Италијанскиот тим нуди 10 милиони, „Спарси“ бараат 20, но се верува дека тимовите брзо ќе најдат заеднички јазик и дека Ериксен наскоро ќе допатува на лекарски прегледи во Милано.

Но, зошто Тотенхем ќе прифати помалку од 20 милиони евра за играч чија пазарна вредност е проценета над 100 милиони.

Договорот на Ериксен со англискиот клуб му истекува во јуни. Според праволото Босман, тој уште сега има право да преговара со кого сака без да ги праша нив. Тоа значи дека Данецот може да се договори сега и после шест месеци како слободен играч да замине во нов клуб.

Тоа е и проблемот на Тотенхем, кој со евентуална продажба во јануари ќе заработи неколку милиони, што секако ќе биде десет пати помалку од вистинската вредност, која во моментов се движи на фудбалскиот пазар.

Данецот во февруари полни 28 години. Неколку пати одби да го продолжи договорот со Тотенхем. Интерес за него имаше од Реал Мадрид, но и Манчестер Јунајтед.