Фудбал
Нова сезона, нов тренер, иста болка, Манчестер Јунајтед поразен од Брајтон (ВИДЕО)
Манчестер Јунајтед загуби на премиерниот меч од новата сезона во Премиер лигата на домашен терен од Брајтон со 2:1. Ова е сигурно лош старт за новиот тренер Тен Хаг, во кого се положува голема надеж.
Уште по првиот дел со двата гола на Грос гостинската екипа стигна до предност од 2:0 која потоа беше тешко да се стигне, барем не со таква игра каква што денеска ја прикажа Јунајтед.
Роналдо беше на клупата, во игра влезе во вториот дел, но и тој не помогна премногу. Резултатот беше ублажен со автоголот на МекАлистер.