Connect with us

Други спортови

Нова шампионка во Сингапур, победа на Возниацки над Вилијамс

Данската тенисерка Каролина Возниацки триумфираше на „ВТА финалето“ што се играше во Сингапур. Таа во финалето на завршниот турнир кај жените ја совлада Венус Вилијамс со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови) за еден час и 29 минути игра.

Ова за Возниацки е прв триумф на овој турнир откако финалистка беше и во 2010 година. Нејзината ривалка во финалето Венус Вилијамс остана со една титула од 2008 година и ова и беше втор пораз во финалето по 2009 година.

Во конкуренција на двојки победија Тимеа Бабош од Унгарија и Андреа Хлавачкова од Чешка, кои беа подобри од Кики Бертенс од Холандија и Јохана Ларсон од Шведска. Првиот сет со 6:4 го добија Бертенс и Ларсон, а во вториот со истиот резултат беа подобри Бабош и Хлавачкова. Во решавачкиот сет победничките беа поуспешни со 10:5 на поени.

Турнирот се играше за награден фонд од 7 милиони долари.