Connect with us

Фудбал

Нов отказ во Премиер лигата, познат и наследникот

Евертон му врачи отказ на тренерот Марко Силва поради лошите резултати. Синоќа доживеаја дебакл во градското дерби каде се поразени од Ливерпул со 5:2.

Според информациите наследник на Силва треба да биде Дејвид Мојс. Силва во Евертон пристигна во мај 2018 година, а долго време беше желба на раководството бидејќи бележеше добри резултати со Вотфорд.

Од друга страна Мојс 11 години го предводеше Евертон, но навивачите сметаат дека неговиот ангажман би значел чекор назад, бидејќи Шкотланѓанецот немаше многу успеси откако замина од овој клуб.