Connect with us

Други спортови

Новак е во Америка! Тренингот на Ѓоковиќ во Синсинати привлече големо внимание

Поради одлуката да не ја прими вакцината против корона вирусот, на Новак Ѓоковиќ не му беше дозволено да стапне на американско тло речиси цели две години.

Според правилникот кој важеше до неодамна, во Соединетите Американски Држави не можеше да влезе ниту еден невакциниран странски државјанин. Поради ова, српскиот тенисер го пропушти УС Опен минатата година, како и Мастерсот кој се игра во Индијан Велс, Мајами и Синсинати. Тој исто така не можеше да учествува на Роџерс купот во Канада.

Но, во меѓувреме правилникот беше сменет и Новак повторно доби можност да заигра на „Американската турнеја“.

Летово реши да игра само во Синсинати пред УС Опен. На официјалниот сајт на турнирот во Охајо веќе се појавија фотографии од првиот тренинг на Ѓоковиќ.

Неговото доаѓање привлече големо внимание, па многу фанови го следеа тренингот.

Потсетуваме, откако го загуби финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз, Новак беше на одмор, а времето го поминуваше крстарејќи по Јадранот во Црна Гора и Хрватска, придружуван од сопругата Јелена и децата Стефан и Тара. Потоа реши да се укотви во Црна Гора, тренираше недела и пол на Академијата Јанко Типсаревиќ во Порто Нови, каде му се придружија спаринг партнерот Карлос Гомеш, тренерот за кондиционирање Марко Паники и физиотерапевтот Клаудио Чимаља.