Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ направи шоу низ улиците на Шангај пред турнирот во Кина (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ има интересна подготовка пред почетокот на Мастерсот во Шангај. Прво играше тенис на Кинескиот ѕид и зборуваше на кинески, а сега отиде чекор понатаму. Во соработка со неговиот спонзор „Лакоста“ направи шоу на улиците на Шангај.

Тој се облече во светло зелено и ги посети „дизелите“ и начинот на облекување во деведесеттите години на минатиот век. Се гледа дека српскиот ас ужива во ова, па и самиот го објави видеото на социјалните мрежи. Покрај тоа, го смени презимето и напиша „Новак Дрејковиќ“ алудирајќи на песна од популарниот рапер Дрејк што ја слуша.

Тој објави и неколку фотографии на кои може да се види како вози велосипед, гледа наоколу во продавница, сето тоа со насмевка и очигледно во одлична атмосфера пред почетокот на турнирот, за кој многумина веруваат дека ќе биде негов последен во сезоната.