Други спортови
Новак стана првиот човек кој играл тенис на Тајмс Сквер: Децата го гушкале и не сакале да го пуштат
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк каде ќе се обиде да атакува на 24. Грен слем титула и четврти УС Опен во кариерата.
Ноле имаше одличен пречек во Америка веќе во Синсинати, каде го бодреа од трибините и на крајот ја освои титулата.
Сега имаше промотивни активности во Њујорк, а влезе и во историјата, бидејќи беше првиот што играше тенис на Тајмс Сквер.
Еден од спонзорите на Новак, компанијата Waterdrop, го организираше овој настан и изгради импровизиран тениски терен, каде што Новак играше против децата од Харлем.
Ноле беше во одлично расположение, а децата беа воодушевени што можеа да си заменат удари со нивниот идол и најголемиот досега.