Connect with us

Фудбал

Новата ѕвезда е родена, 50 голови на 28 мечеви, а има само 15 години

Има само 15 години, а веќе руши рекорди. Јусуфа Мукоко доколку продолжи вака сигурно му претстои блескава фудбалска кариера. Тој го собори рекордот на најмногу постигнати голови сезонава во Бундеслигата за играчи до 17 години. Дури 50 пати беше прецизен на 28 одиграни мечеви, а рекордот го постигна иако немаше полни 15 години.

Дебитираше за репрезентацијата на Германија за играчи под 16 години иако имаше само 12 години. Тој исто така е најмладиот стрелец во младинската Лига на УЕФА.

Од Борусија Дортмунд пристигна вест дека иако има само 15 години, тренерот на првиот тим планира пред крајот на сезоната да го вклучи на тренинзите на најдобриот состав.

Менаџерот на Борусија Фавре вели: Имаме план за него, не можам да кажам точно кога тој ќе биде со нас. Можеби во март, но да видиме неколку работи претходно.

Менаџерот на Борусија е тренер кој има доверба во младите играчи, а тоа најдобро го покаќа со Санчо, кој иако има 19 години е еден од најважните фудбалери на тимот оваа сезона. Секако тука е и трансферот на Ерлинд Халанд.

Доколку Мукоко дебитира за првиот состав на тимот од Дортмунд, ќе го сруши рекордот на Нури Сахин, кој своето деби за истиот тим го направи на 16 години и 11 месеци во 2005-та година.