Connect with us

Други спортови

Нови суспензии за Руските спортисти за недозволени супстанци, Русија треба да врати еден златен медал

Повторно суспензии за Руските возачи на боб поради користење недозволени супстанци на Олимписките игри во Сочи во 2014 година. Повтореното тестирање на мострите покажало дека Александар Касјамов, Алексиј Пушкарев и Иљир Кузин користеле недозвоелни супстанци.

Овие тројца беа дел од посадата на Русија која во Сочи го освои четвртото место, но минатата недела им беше доделен бронзениот медал откако тимот на Русија кој го освои златото исто така беше суспендиран поради допинг.

Бронзата сега треба да ѝ припадне на Велика Британија доколку Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и формално ги пренасочи медалите. Британија последниот медал во боб го има освоено во 1998 година.