Connect with us

Фудбал

Новиот член на италијанска Серија А се пофали со „бомбата“, стигна светскиот првак (ВИДЕО)

Новиот член на италијанската Серија А, Комо, чиј тренер е Фабрегас, се повали со најновото засилување, Рафаел Варан од Манчестер Јунајтед, поранешен освојувач на СП со селекцијата на Франција. Французинот потпиша двегодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона.

Варан, кој се смета за еден од најдобрите дефанзивци во својата генерација, освои три титули во Ла Лига и четири Лига на шампиони за време на неговиот престој во Реал Мадрид. Победникот на Светскиот куп во 2018 година, исто така, му помогна на Манчестер Јунајтед да ги освои своите први големи трофеи по шест години, кревајќи го Купот Карабао во 2023 година, а потоа и ФА Купот во 2024 година на стадионот Вембли.

-По потпишувањето, Рафаел коментираше: Многу сум среќен и ентузијаст за овој нов проект, едвај чекам да започнам и да го запознаам тимот и моите соиграчи, изјави Варан.