Connect with us

Фудбал

Новиот дефанзивец на Челзи денеска пристигна во Англија и е на медицински прегледи

Централниот дефанзивец Аксел Дисаси се очекува денеска да пристигне во Англија , по што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе го комплетира трансферот во Челзи , информира Фабрицио Романо на социјалната мрежа „ Икс “, поранешен „Твитер“. Се очекува зделката да биде вредна околу 45 милиони евра, кои ќе ги добијат за својот фудбалер од Монако.

Италијанскиот новинар додава дека двете страни веќе ја размениле целата документација и веднаш потоа може да биде најавен како нов играч на „сините“. Фудбалерот со недели беше нагло поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед или Њукасл , но Челзи беше принуден да се вклучи и брзо да ја заврши зделката по тешката повреда на Весли Фофана , кој беше опериран на коленото и голема е веројатноста да го пропушти целиот претстојната сезона.