Connect with us

Други спортови

Новиот договор со Хамилтон не е приоритет за Мерцедес

Тимот на Мерцедес во Формула 1 соопшти дека причина за одложување на договорот со нивниот возач и актуелен светски шампион, Луис Хамилтон, е недостигот на време поради фокусираноста на натпреварите и развојот на болидите.

Хамилтон и Мерцедес преговараа за продолжување на соработката уште минатата година, кога на јавноста и беше соопштено дека договорот наскоро треба да биде потпишан.

Потоа беше објавено дека договорот ќе биде потпишан до почетокот на сезоната, но и по пет трки се уште нема нова спогодба за продолжување на соработката.

– Ние не сакаме да го загубиме и мислиме дека ни тој не сака да го смени тимот. Се ќе биде како што треба, истакна првиот човек во тимот на Мерцедес, Тото Волф.

Според него не постојат пречки поради кои не би продолжила соработката, но дека во овој период има други приоритети.

– За да ги финализираме преговорите потребно е да се посветиме на тоа, потенцира Волф.

Договорот меѓу четирикратниот светски шампион и тимот на Мерцедес истекува на крајот од оваа сезона.