Connect with us

Фудбал

Новиот тренер на Барселона: До вчера бев со моите крави, а сега ги тренирам најдобрите играчи во светот

Новиот ментор на Барселона, Кике Сетиен, официјално е претставен пред медиумите.

На својата прва прес-конференција, тој изрази возбуда од шансата која му е дадена да го води тимот.

– Прво, би сакал да му се заблагодарам на клупскиот менаџмент што сум тука. Дури и во моите најлуди соништа, никогаш не го замислував тоа. Јас сум многу емотивна личност и денес е посебен ден за мене. Јас сум возбуден за овој проект и од овој предизвик. Најважно е да се обидам да им го пренесам на моите играчи мојот ентузијазам и желба. Вчера шетав меѓу кравите на село, а денес сум во клупската база на Барселона, тренирајќи ги најдобрите играчи на светот во тим кој никогаш не би можел да го подобрам бидејќи тоа е максимумот, изјави Сетиен.

Според Сетиен, Барса ќе продолжи на својот пат и ќе се подобри на секој можен начин. Неговата цел е да ги освои сите можни трофеи оваа сезона.

И покрај неговото воодушевување кон играчите на Барселона, новиот стратег на „Камп Ноу“ посочи дека секој од нив „треба да си го знае своето место“.

– Зборував со неколку играчи, не само со Лионел Меси, кој е посебен и единствен случај. Не се двоумам да признаам дека последните 12-13 години уживав во секој натпревар на Барселона на ТВ, рече Сетиен.