Connect with us

Фудбал

Новиот тренер пристигна во Челзи, следува потпис на договор (ВИДЕО)

Греам Потер ќе го преземе Челзи по отказот доделен на Томас Тухел. Попладнево Потер пристигнал во просториите на Челзи да го потпише договорот. Неколку часа претходно најугледните англиски медиуми објавија дека лондонскиот тим постигнал усмен договор со новиот тренер. Челзи ќе мора да му плати 16 милиони евра на Брајтон поради предвременото раскинување на договорот со Потер за да дојде во Лондон.

По поразот од Динамо Загреб во ЛШ од 1:0, Томас Тухел заработи отказ како тренер на Челзи.